Фото: Роjтерс

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн е решен да го напушти клубот ова лето и веќе го усогласил неговиот личен договор со Манчестер Сити, соопшти на Твитер новинарот Николо Скира од Трансфермаркт.

Тотенхем не сакаат да се разделат од нивната голема sвезда и сакаат 160-170 милиони евра за Кејн.

Кејн во истото време сака да работи под раководството на Пеп Гвардиола. Тој се надева дека ʺграѓаните“ ќе дадат предлог што одговара на претседателот на ʺмамузите“ Даниел Леви.

Кејн е воспитаник на Тотенхем, а дебитираше за првиот тим на лондонскиот тим во 2011 година. Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2024 година. Во сезоната 2020/2021, напаѓачот зема учество на 35 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи 23 гола и 14 асистенции, што му обезбеди победа во натпреварот кај голгетерите.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO