Има одбојка во сала, одбојка на плажа, веќе дури и одбојка на снегот … Но, има луѓе кои мислат ʺнадвор од кутијата“ и гледаат далеку повисоко.

Организаторите на серијата турнири во одбојка на плажа „King Of The Court“ го привлекоа вниманието со спектакуларно видео кое ги прикажува одбојкарските вештини на ново ниво. Норвешката двојка Андерс Мол и Кристијан Сорум се искачија на 132-метарската кула на катедралата Свети Михаил во Хамбург, каде играа одбојка врзани со јажиња.

Нивните активности беа дел од подготовките за турнирот во германскиот град од 19 до 22 август.

Ова не е првиот екстремен предизвик на двојката на плажа. Пред извесно време, норвежаните играа одбојка и на панорамското тркало во Виена.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO