Фото: Роjтерс

Моите играчи се фантастични, не знам што повеќе можам да кажам.

Тоа беше важен успех за сите луѓе во нашата земја “, изјави селекторот на Италија, Роберто Манчини, кој го предводеше својот тим до втората европска титула во историјата по победата ма пенали над Англија на ʺВембли “.

Ова беше 34-тиот последователен натпревар без пораз за Италија под водство на Манчини, а последен пат загубија од Португалија во 2018 година.

ʺСреќен сум што играме добро и победуваме. Верувам дека сите празнуваат во моментов.

Изгледаше неверојатно дури и да си го помислиме, но момчињата беа неверојатни. Немам зборови, тие се одлична група.

Не беше лесен натпревар, всушност се разви многу тешко, но и покрај тоа доминиравме.

Потребна ви е и малку среќа со пеналите. Затоа малку ми е жал за англичаните.

Нашата екипа порасна многу, но можеме упте да подобруваме“, кажа уште Манчини.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO