Фото: Роjтерс

Селекторот на англиската репрезентација Гарет Саутгејт не го криеше разочарувањето по финалето на Европското фудбалско првенство загубено на пенали од Италија.

ʺМоите играчи дадоа се од себе си повторно и во некои моменти играа многу силно, а во други не ја држеа топката на најдобар начин.

Со овие момци се работи многу лесно и тие стигнаа толку далеку, колку што не сме биле долго време до денес.

Но, не можам да не признаам дека болката е голема и се чувствува во соблекувалната “, изјави Саутгејт.

ʺЈас избрав кој да изведува пенал и кога да го направи.

Го засновав мојот избор на виденото на тренинзите и гарантирам дека никој немаше поважен збор од мене.

Како до моментов победувавме тимски, така сега загубивме тимски. Нема индивидуални виновници.

Уште повеќе, што јас одлучувам кој и кога да изведува пенал, а не фудбалерите.

Овој тим може да игра многу подобро и ќе се развива “, кажа уште тој.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO