Министерот за економија на Бугарија Кирил Петков и претставници на германски кластер за електрични автомобили потпишаа меморандум за изградба на фабрика за електрични автомобили во Бугарија. Инвестицијата е во вредност од 140 милиони евра и ќе создаде 1000 нови работни места.

Пет седмици биле потребни да се разјаснат параметрите на договорот и привлекувањето на германскиот инвеститор во Бугарија. Предметниот автомобил ќе се полни од нормален штекер од електрична мрежа и ќе може да помине 200 километри со едно полнење. Софтверот на автомобилот и деловите ќе се програмираат и произведуваат во Бугарија.

Министерот Петков ги определи можностите што договорот ќе и ги даде на економијата на земјата:

„Ако беше поредната инвестиција во Софија, ќе бев среќен, но можеби не толку! Ловеч има потреба од точно таков производител на електрични автомобили. Многу се надевам да ги оживееме традициите во Ловеч, во индустријализацијата на овој начин, но во продукти на иднината. „Се очекуваат 1000 работни места, само во фабриката. Со вклучување на сите добавувачи, со вклучување на продажбата на нивните бугарски производители кон нив, тоа ќе рефлектира кон многу повеќе луѓе“.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO