Фото: Роjтерс

Репрезентацијата на Колумбија го совлада Перу со 3: 2 во спор за третото место на турнирот Копа Америка. Бронзените медали ги донесе Луис Дијаз со неговиот погодок во 4-та минута од додаденото време во второто полувреме на малото финале, кое се играше на стадионот ʺМане Гаринча“ во бразилската престолнина.

Головите за Колумбија ги постигнаа Хуан Куадрадо (49) и Луис Дијаз (67, 90 + 4), Јошимар Јотун (45) и Џанлука Лападула (82) се запошаа за Перу.

Така, бронзата се претвори во утешна награда за колумбискиот тим, кој триумфираше со трофејот пред 20 години.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO