Пари Сен Жермен го потврди доаѓањето на поранешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос за рок од две години.

Централниот дефанзивец го заврши својот договорот и независно од конфузијата за можното обновување, стана слободен агент. 35-годишниот фудбалер имаше неколку опции пред себе си, но францускиот гигант ја доби битката за неговиот потпис. Тој ќе потпише договор до 2023 година и ќе носи дрес со број 4, како што тоа го правеше и во Реал. Со Кралскиот клуб, тој освои четири Лиги на шампиони, со Шпанија беше светски шампион и двократен европски шампион.

ʺФо ценам многу тој број 4 од суеверие, затоа што го имам уште од почетокот на мојата кариера, а потоа ме следи во мојот живот, ме продолжува, ми носи среќа, многу победи. Сега бројот 4 е дел од мене како личност и професионалец. За мене е привилегија да можам да го носам овој број во толку голем тим, Пари Сен Жермен. Затоа ќе биде многу специјално да го носам мојот број овде во Париз “, сподели шпанецот.

Тој е третото големо ново засилување на ПСЖ ова лето, откако тимот ја загуби титулата во Лига 1 од Лил и беше поразен во полуфиналето од Лигата на шампионите. Покрај Рамос, на ʺПаркот на принцовите“ пристигнаа и бекот Ашраф Хакими од Интер и Жоржињо Ваиналдум од Ливерпул.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO