Фото: Роjтерс

Англиските фудбалери се пласираа во финалето на Европското првенство по победата над Данска со 2:1.

Утрото по полуфиналниот натпревар, сите зборуваат и пишуваат за пеналот што холандскиот судија Дани Макели го досуди за Англија.

Стерлинг падна во шеснаесетникот, а подоцна Кејн успеа да го совлада Шмајхел од втор пат и да го одведе „Гордиот Албион“ во првото финале на Европското првенство.

Легендарниот Жозе Мурињо верува дека Данците се оштетени.

ʺНе сум сигурен дека сакате да слушнете што ќе ви кажам. Сепак, ќе кажам што видов. Можеби не ви се допаѓа … Не беше пенал! Победи подобриот тим, Англија е фантастична и заслужено е во финалето, но тоа никогаш нема да биде пенал. Не ја разбирам одлуката на судијата, особено на ова ниво и во полуфиналето на ЕУРО. Ја разбирам уште помалку одлуката на судиите од просторијата ВАР да не реагираат. Како љубител на фудбалот, среќен сум што Англија е во финалето, но исто така и тажен на начинот на кој се пласираа. Не знам како судијата ќе заспие после ова“, изјави Мурињо.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO