Фото: Роjтерс

Репрезентацијата на Аргентина ја победи Колумбија, по изведување на пенали во полуфиналето на Копа Америка, чиј домаќин е Бразил. Во регуларното време, двата тима си разменија по еден гол, но при изведувањето на пеналите Аргентинците се покажаа попрецизни – со 3: 2 во голови.

Редовните 90 минути не беа доволни за Аргентина и Колумбија да го решат спорот меѓу нив и според правилата на Копа Америка директно се премина на изведување на пенали. Голот на Лаутаро Мартинез ги доведе Аргентинците во водство во 7-та минута, а Луис Дијаз израмни на час по стартот на натпреварот.

На десет минути пред крајот на регуларното време, Лионел Меси беше изнесен сам против Оспина, но неговиот удар се одби од гредата.

Така се стигна до пенали. Прецизниза Аргенитна од белата точка беа капитенот Лионел Меси, Паредес и Лаутаро Мартинез. Голманот Емилијано Мартинез се претвори во вистински херој, одбанувајќи ги ударите на Давинсон Санчез, Jери Мина и Едвин Кардона.

Во финалето аргентинците ќе играат со бразилците, кои на 6 јули го совладаа Перу со 1: 0. Одлучувачкиот натпревар на турнирот ќе се одржи на 11 јули. Еден ден порано, перуанците и колумбијците ќе се сретнат во битка за третото место.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO