Фото: Роjтерс

Домаќинот на Копа Америка Бразил го победи Перу со 1-0 и се пласираше во финалето на ова натпреварување. Натпреварот се одигра на стадионот ʺОлимпико Нилтон Сантос“ во Рио де Женеиро.

Единствениот погодок на натпреварот го постигна Лукас Пакета во 35-та минута, а асистенцијата беше дело на Нејмар.

Селесао ќе се судри за трофејот со Аргентина или Колумбија, кои играат вечерва.

Во групната фаза на Копа Америка, Бразил започна со три последователни победи – над Венецуела (3: 0), Перу (4: 0) и Колумбија (2: 1), а во последното коло одигра нерешено со Еквадор (1 : 1). Во четвртфиналето, воспитаниците на Тито го совладаа Чиле (1: 0).


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO