
Лионел Меси е специјален фудбалер за цела Аргентина, но тој е многу сакан во родното Росарио. Токму таму пред неколку дена на фасадата на еден од блоковите се појави огромна творба, која го прикажува напаѓачот.
Платното од 14×8 метри е во населбата ʺБахадаʺ, каде Меси живеел како дете и гледа кон училиштето во кое учел фудбалската sвезда.
Еден од авторите, Марлен Суриага, објасни за АФП дека во Росарио нема доволно голема зграда, која да може да ја изрази љубовта на местното население кон Меси.
Сликата е создаден неколку дена по 34-от роденден на фудбалерот на Барселона. На него пишува: ʺОд друга галаксија, но од мојата населба“. На вратот на Меси има закачено две копачки, од кои едната е златна.
Напаѓачот во моментов учествува со репрезентацијата на Аргентина во Копа Америка. Вечерва тимот се среќава со Колумбија во обид да обезбеди пласман во финалето со Бразил на ʺМаракана“.
