
Фото: Роjтерс
Селекторот на германската фудбалска репрезентација – Јоаким Лев, разговараше долго со играчите пред денешниот тренинг. Германците извлекоа од неуспехот по 2: 2 со Унгарија и се пласираа во осминафиналето, каде во вторник ќе играат против Англија на стадионот ʺВембли“ во Лондон. За овој натпревар, Лев ги повика играчите да го подобрат своетопретставување во споредба со средбата со Унгарците, соопштуваат медиумите во земјата.
Дефанзивецот Лукас Клостерман е единствениот со здравствени проблеми во германскиот табор и не тренира со соиграчите поради искинати мускулни влакна.
Томас Милер се подготвува со полна брзина и е подготвен за пресметката во Лондон. Тој имаше болка во коленото што го принуди да започне од клупата со Унгарија во групната фаза.
