Фото: Роjтерс

ʺРеноʺ (Renault) и технолошката компанија STMicroelectronics работат заедно за да обезбедат доставки со клучни полупроводнички компоненти за електричните и хибридни превозни средства на францускиот производител на автомобили, бидејќи недостатокот на технолошки чипови продолжува да врши притисок врз автомобилската индустрија, соопштува ʺВолстрит Журналʺ.

Во заедничката изјава, компаниите посочуваат дека нивното партнерство ќе се фокусира на доставките на електрични и хибридни напредни енергетски полупроводници, кои ќе започнат да се произведуваат од 2026 година.

Француско-италијанскиот мултинационален производител на електроника и полупроводници STMicroelectronics ќе има корист од значителните количини на модули за напојување и транзистори загарантирани за периодот од 2026 до 2030 година.

ʺОва партнерство обезбедува идни доставки на клучни компоненти кои значително ќе придонесат за намалување на загубената енергија со 45% и намалување на расходите за електронско задвижување со 30% , помагајќи ни да ја исполниме нашата амбиција да ги направиме електричните превозни средства достапни, профитабилни и популарни“, изјави извршниот директор на ʺРеноʺ Лука де Мео.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO