
Фото: Роjтерс
Пол Џорџ ги пoведе Лос Анџелес Клиперс до нивниот прв успех во финалната серија на Западната конференција на Националната кошаркарска асоцијација против Феникс Санс со 106: 92 во ʺСтејплс Сентарʺ.
Тој заврши со 27 поени, 15 скока и осум асистенции, одигра 43 минути во победата, со што ја прекина низата на противникот од девет последователни победи во плејофот и ја намали разликата на 1-2 во победи. Клиперси, кои повторно беа без нивната голема sвезда Кауај Леонард, кој сè уште се опоравува од повредата на коленото, се потпреа на Џорџ и тој не ги разочара.
На претходниот натпревар, тој промаши два клучни удари од линијата за слободни фрлања на крајот од мечот, загубен по кошот на Деандре Итон на самиот крај од регуларното време. Овој пат бекот на ЛА заврши со 6/7 од линијата за слободни фрлања. Реџи Џексон додаде 23 поени за воспитаниците на Тајрон Лу, а Ивица Зубац забележа дабл-дабл – 15 поени и 16 скока.
За „сонцата“ Девин Букер заврши со само 15 поени со учинок од игра 5/21. Најдобар стрелец беше Ајтон со 18 поени, а Крис Пол постигна „дабл-дабл“ – 15 поени и 12 асистенции, но имаше само 5/19 од поле. Бекот се врати во игра откако беше вклучен во протоколот за коронавирус и последен пат играше на 16 јуни. Камерон Пејн го напушти паркетот со повреда на скочниот зглоб.
Натпреварот број 4 во последната серија на Запад е во сабота вечер повторно во ʺСтејплс Сентарʺ.
