Фото: Роjтерс

Франција и Германија повикаа за средба на високо рамниште меѓу претставници на Европската унија и рускиот претседател Владимир Путин, но тој став наиде на силно противење од Полска и балтичките држави.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека треба да има дијалог со Русија за да биде заштитен европскиот интерес, но со барања:

ʺНие го дефинираме единството на Европејците во дијалогот со Русија, ние го преземаме тој дијалог, неопходен за стабилноста на европскиот континент, но и со барања, бидејќи нема да отстапиме нуту од вредностите, ниту од нашите интереси. Не можеме да останеме целосно во реактивна логика кон Русија, откако пред неколку недели бевме сведоци на конструктивен дијалог меѓу претседателите Бајден и Путин “.

„Потребен не дијалог, за да ги заштитиме нашите интереси, дијалог кој е важен за стабилноста на европскиот континент. Се надевам дека можеме, преку реално европско единство и координација, да го постигнеме тој дијалог“, нагласи Макрон.

Идејата беше поддржана од австрискиот канцелар Себастијан Курц, но беше отфрлена од повеќето лидери.

Премиерот на Холандија Марк Руте кажа дека не се противи на средба меѓу претседателот Путин и претседателите на ЕК Урсула фон дер Лајен и Европскиот совет Шарл Мишел, но беше категоричен, дека тој самиот нема да учествува на средба со рускиот шеф на државата.

Со идејата не се согласија и полскиот премиер Матеуш Моравиецки, а исто на Естонија Каја Калас и на Литванија Гитанас Науседа.

Се очекува ввропските лидери да побараат од Европската комисија и првиот европски дипломат Жозеп Борел да предвидат ʺможности за дополнителни рестриктивни мерки, вклучително и економски санкции“ против Русија, според подготвениот проект за изјава од средбата на врвот во Брисел.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO