Фото: Роjтерс

Европската унија треба да влезе во директен контакт со Владимир Путин за да престанат да се влошуваат односите со Русија.

Ова го изјави германската канцеларка Ангела Меркел во своето последно канцеларско обраќање кон Бундестагот пред последната редовна средба на врвот на Европската унија, на кој учествува денес.

По 16 години на чело на една од најсилните држави во светот, Ангела Меркел за последен пат застана пред пратениците во Бундестагот, за да направи владино обраќање. Во него, таа посочи колку е важно да се подобрат односите со Москва, но и да се запрат провокациите од руска страна:

ʺМоето мнение е, дека треба како Европска унија да бараме директен контакт со Путин. Не е доволно само американскиот претседател Џо Бајден да влегува во дијалог со рускиот претседател, ЕУ исто така треба да има свој формат за разговори со него “.

Настаните од последните месеци, не само во Германија, јасно ставија до знаење дека не е доволно да се реагираме некоординирано на руските провокации, нагласи и сто така канцеларката.

Треба да се создадат механизми, со кои заедно и со заеднички усилби да одговораме на провокациите. Само така ќе успееме да се спротивставиме на хибридните напади на Русија, кажа уште Ангела Меркел:

ʺЕвропската унија е должна, поради својата географска близина и нејзината политичка одговорност кон земјите од нејзината источна соработка, како што се Украина, Белорусија, но и од Западен Балкан, да одговори соодветно на руската активност таму.ʺ

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO