Советот на ЕУ и наметна целенасочени економски санкции на Белорусија на почетокот на средбата на европските лидери.

Со новите економски мерки се забранува, директно или индиректно, продажбата, снабдувањето, префрлањето или извозот во земјата на опрема, технологија или софтвер наменети првенствено за набљудување или прифаќање на Интернет или телефонски разговори, како и на стоки и технологија со двојна употреба за воени цели.

Ограничена е трговијата со нафтени производи, калиум хлорид и стоки што се користат во производството на тутунски производи.

Освен тоа, се ограничува пристапот до пазарите на капитал во ЕУ, како и осигурувањето и реосигурувањето за белоруската влада и нејзините јавни органи и агенции.

Европската инвестициска банка ќе суспендира секакви плаќања според постојните договори поврзани со проекти од јавниот сектор и договори за техничка помош.

Земјите-членки треба да ги преземат неопходните чекори за ограничување на вмешувањето на Белорусија во мултилатералните банки за развој во кои таа е членка.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO