Фото: Роjтерс

Од денес, во Грција е укинато барањето за носење маски на отворено.

Олеснувањето на разлабувањето на мерките доаѓа во услови на статистички податоци дека 18 проценти од грчките семејства се на работ на сиромаштијата.

Опозицијата ја повикува владата да го контролира нелогичниот пораст на цените на основните прехрамбени продукти.

ʺОд денес, лесно се дише“, коментираат пред медиумите Грци и туристи кои ги симнаа маските надвор. Според властите, туристите строго ги следат упатствата за почитувањна дистанца и маски во затворени простории и во транспортот.

Опозициската партија СИРИЗА ја повикува владата да преземе итни мерки и во здравствениот сектор и да го подобри животниот стандард на Грците.

Според податоци на грчката статистичка агенција Елстат, публикувани денес, 18% од Грците се на работ на сиромаштијата. Од нив, 45% се ограничуваат при купување дури и на стоки за основни потреби, не можат да ги покријат трошоците за домаќинството.

Цените на стоките за основни потреби во трговските објекти нагло се зголемиле.

За една година најголем пораст има кај цената на маслото – 50%, брашното, лебот, оризот, шеќерот, кафето се со зголемени цени над 10%.

Цената на литар безоловен бензин е поскапа.

Опозицијата настојува да се наметне максимална цена на основните стоки. Министерството за развој ветува масовни контроли во продавниците за нелогично високи цени на прехрамбените продукти.

 

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO