ʺВажно е дека Словенија го презема португалскиот предлог и продолжува да работи на него. Португалскиот предлог не е мртов“, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Според него, ова денес беше силен одек на поддршка од 26 земји-членки, кој што не е виден досега, во однос на било кое прашање во Европскиот совет.

Тој наведува дека ако во нашите книги имало говор на омраза, не само кон Бугарите туку и кон другите народи, тогаш ние не сме должни да го користиме тоа време од поранешна Југославија.

ʺНе треба да има емоции или страв. Овие прашања од минатото не треба да ги чуваме. Ако на 24-ти и 25-ти јуни нема одлука, тогаш почнуваме разговори од почеток во рамки на португалскиот предлог“, додава Османи.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO