Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја одби жалбата на грчкиот министер за спорт Лефтерис Авгенакис, кој пред почетокот на Европското првенство, испрати протестно писмо до претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, за логото на ФФМ кое се наоѓа на дресовите на македонските фудбалери и за кратенката МКД.

Од УЕФА потенцираа едка акронимот МКД е дел од Преспанскиот договор.

УЕФА во писмото посочува дека го следи примерот на другите спортски институции и дека го користи кодот ʺМКД“ од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО) и дека е во согласност со член 1, параграф 3 од Договорот од Преспа.

УЕФА исто така потенцира дека во службената комуникација го користи терминот ʺФудбалска федерација на Cеверна Македонија“ и дека оваа терминологија е соодветно адаптирана на ЕВРО 2020.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO