Фото: Роjтерс

Од почетокот на туристичката сезона, меѓу илјадниците странци кои влегле во Грција, случаите на болни од коронавирус се единични, соопшти министерот за туризам Теохарис.

Општо, во земјата се регистрира брз пад на болните и хоспитализирани со коронавирус.

Добрата епидемиолошка состојба во Грција им дозволи на властите од денес да дозволат отворање на ноќните клубови. Ресторани и таверни се со музика од вечерва.

Туристите масовно резервираат места во забавните установи седмица порано, сопствениците се задоволни.

Денес, грчката телевизија емитуваше и репортажи од редици од неколку километри на граничниот премин Промахон, каде што туристите чекаат да влезат во Грција.

Владата води нова кампања во сите медиуми за интензивирање на вакцинацијата во Грција и размислува за стимулации за младите.

Во исто време, вработените во приватни компании поднесуваат жалби против работодавците кои, спротивно на законот, ги присилуваат да се имунизираат за да останат на работа.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO