Фото: Роjтерс

Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика европските лидери да покажат подготвеност за компромис по прашањето за Северна Ирска.

Тој посочи дека Велика Британија се стреми да бидат постигнати практични решенија кои го штитат договорот за Брегзит, но и да се ублажуваат последиците за животот на луѓето.

Од своја страна, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел настојуваа Лондон да се придржува до договорените трговски правила со Европската унија, кои вклучуваат и специјален протокол за Северна Ирска.

Во рамките на средбата на Г-7, Џонсон разговараше и со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO