Фото: Роjтерс

Претседателот на Русија Владимир Путин се објави категорично против евентуалното членство на Украина во НАТО.

Во интервју за телевизија ʺРусија 24“, Путин изјави дека половината од населението на Украина е против членството на земјата во Северноатлантскиот сојуз:

ʺНајмалку 50% од жителите на Украина не сакаат земјата да се присоединува кон НАТО. Тоа се паметни луѓе. Тие не сакаат да бидат на огнената линија, да бидат монета за поткусурување или топовско месо “.

Путин истакна дека никој не се сообразил со ставовите на Русија при проширувањето на НАТО кон исток. Тој даде пример со распоредените во Полска и Романија елементите на американската противракетна одбрана, кои, според него, може да се користат и за напаѓачки цели.

ʺДа си претпоставиме Украина да стане членка на НАТО. Времето за полет на ракетите од Харков и Днепропетровск кон централниот дел на Русија и до Москва ќе се намали до 7-10 минути “.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO