Декретот на Џо Бајден е важен настан за самиот регион. Основната порака е нема враќање назад, регионот оди напред, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со извршната наредба на претседателот на САД, која  опфаќа и замрзнување на имотот и забрана за влез во САД на лица кои работат против Договорот од Преспа и Охридскиот рамковен договор и нивното спроведување и ги поткопуваат мирот и регионалната соработка.

ʺСо наведените договори се става црта на сегашната состојба на Балканот  со тоа продолжуваме  напред. Оваа одлука сметам дека е донесена бидејќи земјите од регионот започнаа со ретроградни политики и со овој декрет се става брана за да не се навраќаме во минатото. Мислам дека ќе влијае позитивно на сите општествени процеси. Изворот на проблемите на Балканот е тоа што со едно око гледаме во минатото, а со друго кон иднинатаʺ, вели Османи во Утрински брифинг.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO