Фото: Роjтерс

Москвскиот градски суд ги објави за екстремистички три невладини организации поврзани со опозиционерот Алексеј Навални.

Судот го одобри барањето на обвинителството од 16 април, наведувајќи дека Фондот за борба со корупцијата, Штабовите на Навални и Фондот за заштита на граѓанските права ʺсоздаваат услови за дестабилизација на социјалната и општествено-политичката состојба во земјата“.

Кон крајот на април, Московскиот градски суд ја забрани дејноста на сите три организации. Координаторот на штабовите на Навални, Леонид Волков, го објави нивното распуштање, објаснувајќи дека на нивните вработени им се закануваат обвинувања за екстремизам и последователно кривично гонење.

Во меѓувреме, беше покрената постапка против Алексеј Навални за формирање невладина организација што врши посегнување на личноста и правата на граѓаните. Во февруари, опозиционерот беше осуден на две и пол години затвор под обвинение за измама. Тој во моментов ја издржува казната во казнената колонија №2 во градот Покров во Владимирска област.

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел го определи решението на Московскиот градски суд да ги вклучи организациите на Алексеј Навални во во списокот на екстремистичките групи ʺкако најсериозното до овој момент усилие на руската влада да ги потисне независната политичка опозиција и и истражување на корупцијата, како и да го елиминира влијанието на политичките мрежи на Навални пред и по изборите за Државната дума во септември “.

ʺОва решение ќе има трајни последици врз руското граѓанско општество, опозицијата и критичките гласови“, се вели во соопштението.

Во него повторно се настојува за неодложно и безусловно ослободување на Навални и се потсетува дека неговата пресуда е политички мотивирана.

 

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO