ʺОва што ви го зборувам се зборовите на почитуваниот претседател Христијан Мицкоски. Јас не настапувам самостојно, не се ова мои идеи и пораки. Оваа фаза на посети на општинските комитети е да ви ги пренесам неговите пораки“ се слуша на аудио снимката која што се појави на Јутјуб и на која се слуша гласот за кој се тврди дека е на Јелена Жугиќ.

ʺНие не се бориме со Заев, со бориме со Брисел, со Вашингтон. Ова е озбилна и долгорочна стратегија. Ова е стратегија на декомпонирање, да се заврши она што не се заврши во 1913. И оваа мала Вардарска што ни остана и таа да ни ја земат, оти сме папокот на светот, оти е Патот на свилата. Нам не ни треба ЕУ, ние им требаме на неа“ вели гласот за кој се тврди дека е Жугиќ.

На снимката се слуша, како гласот за кој се тврди дека е Жугиќ кажува дека доколку замине Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, тогаш ќе заминат сите. ʺПритоа партијата ќе ни ја преземе некакво криминално здружение. Сите оние бомби, криминали, што не демонизираа, не направија бандити, ни го осудија Никола Груевски за Мерцедесот“ се вели во снимката.

На крајот на снимката која денес осамна на Јутјуб, гласот за кој се претпоставува дека е на Јелена Жугиќ кажува за удобно опремените општински комитети и седиште на партијата. „Седиме во удобни општински комитети со парно, убави столчиња. Централата ни е со велелепни лустери, црвени теписи, со махагони и чувствувото ни е дека сме комфорни. Јас не можам да седам на овие состаноци, јас сум тргната во војна“ вели Жугиќ.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO