Во говор пред Европскиот парламент, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел упати три главни пораки поврзани со настаните во Белорусија:

Првиот е за Роман Протасевич и сите политички затвореници – ЕУ нема да престане да дејствува се додека не бидат ослободени. Второто е до г-дин Лукашенко – г-дин Протасевич треба да биде ослободен неодложно. Дотогаш, ќе ве сметаме за одговорен за неговото физичко и ментално здравје. Третото е за народот во Белорусија, а особено за оние кои се борат за демократија, слобода на изразување и на медиумите- ЕУ стои покрај вас и ќе продолжиме да ја поддржуваме директно вашата борба за избор на вашата судбина.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO