Фото: Роjтерс

Москва нема големи очекувања од претстојната средба на 16 јуни во Женева меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден. Ова го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

За време на своето учество на меѓународниот форум ʺПримаковски читањаʺ, посветен на починатиот поранешен премиер и министер за надворешни работи Евгениј Примаков, Лавров посочи дека не очекува пробив во руско-американските односи. Во исто време, тој ја истакна важноста на преговорите меѓу претседателите Путин и Бајден.

ʺРазговорот меѓу двајцата лидери на водечките нуклеарни сили е несомнено важен сам по себе и ние целосно го поддржуваме ваквиот став на нашите американски колеги. Јасно е дека нормализацијата на руско-американските односи е можна само со почитување на принципите на рамноправност, взаемно уважување и немешање во внатрените рабти еден на друг“.

За време на преговорите во Женева, Владимир Путин и Џо Бајден се очекува да разговараат за стратешката стабилност, сајбер безбедноста и регионалните конфликти.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO