Фото: Роjтерс

Борбен авион на бугарското воено воздухопловство се урна за време на тактичка вежба со борбено стрелање ʺШабла 21“, во која учествуваат и припадници на воздухопловството на Република Србија.

Авионот паднал во Црното Море, а операцијата за пребарување и спасување на пилотот е во тек. Истрагата ќе ја преземе военото обвинителство, пренесуваат бугарските медиуми.

Ловецот МиГ-29 изгубил радио контакт и исчезнал од радарот за време на вежба над Црното Море во близина на градот Шабла, соопшти бугарското Министерство за одбрана.

Вежбата се планира да трае 10 дена.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO