Базираната во Софија Evrotrust отвори канцеларија во главниот град на Северна Македонија, Скопје, одбележувајќи клучен чекор во планот на компанијата за меѓународна експанзија. На почетокот на оваа година, Evrotrust доби популарност во нашата земја со веста, дека започнува национален проект за дигитален идентитет во партнерство со Mastercard врз основа на меморандум со меѓународната компанија и владата. Проектот е насочен кон развојот на електронското управување и отворањето на физичка канцеларија во земјата ја потврдува намерата на компанијата за реализација надвор од Бугарија.

ʺСеверна Македонија предлага одлична бизнис можност, бидејќи придобивките од електронското управување се широко препознаени од крајните корисници, бизнисот и јавната администрација. Откако започнавме да работиме на еИД проектот во земјата, бевме фасцинирани од подготвеноста, со која местните власти се стремат да внедрат комплексни услуги за дигитален идентитет, така што модерните технологии да бидат од корист за македонските граѓани. Исклучително сме благодарни што работиме на ваков возбудлив проект заедно со нашите партнери од Mastercard и владата на Северна Македонија, без кои тоа ќе беше невозможно “, вели Константин Безуханов, извршен директор на Evrotrust, цитиран во соопштението за јавноста.

Проектот за дигитален идентитет во Северна Македонија започна неколку недели пред пандемијата минатата година. Тоа меѓутоа не им попречи на надежите за брза интеграција, бидејќи компанијата потврдува дека проектот е во напредна фаза и крајните корисници во земјата ќе можат електронски да потпишуваат документи од далечина во рок од неколку месеци.

Експанзијата во странство е очекувано продолжување на деловната активност на Evrotrust. Откако пандемијата го забрза усвојувањето на услуги за дигитален идентитет, Evrotrust бележи рекорден раст од над 630% на годишно ниво. Компанијата во моментов обезбедува услуги на над 200.000 индивидуални и корпоративни корисници ширум светот.

Меѓу активните пазари, покрај бугарскиои и македонскиот, се и Албанија, Унгарија, Романија, Кенија и други. Од бизнис гледна точка, клучна предност на Evrotrust е самата дигитализација: во услови на огромна корисничка база, во компанијата во моментов работат нешто под 50 лица.

 

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO