Фото: Роjтерс

Поранешен советник на Конзервативната партија упати напади кон американскиот претседател Џо Бајден за мешање во британската политика и се обидува да ги поучува Британците. Алекс Дин го даде овој коментар на ʺТајмс Радиоʺ по повод повикот на Бајден Британија да се откаже од намалувањето на странската помош.

Во понеделникот, повеќе од 10 пратеници од Демократската партија на САД испратија писмо до претседателот Џо Бајден да изврши притисок врз британската влада да не ја намалува нејзината помош во странство.

Прашањето за странска помош е исклучително чувствително на Островот и владата на Борис Џонсон беше исправена пред бунт во Долниот дом, каде конзервативните пратеници предложија амандман кон законскиот проект, со што да се задолжи владата од почетокот на годината да го врати првично ветените за давање 0, 7 /% од бруто домашниот производ како странска помош.

Меѓутоа, претседателот на Долниот дом, сер Линдзи Хојл, не дозволи да се разговара за амандманот, но им вети на бунтовниците да посредува, владата да се согласи на дебата за ова прашање.

Алекс Дин меѓутоа беше исклучително разгневен од фактот што американскиот претседател Џо Бајден се кани да го подигне прашањето за меѓународната помош за време на неговата посета на Велика Британија за време на самитот на Г7.

Тој кажа дека е неприфатливо, политичари од друга земја да ги учат Британците како да ги трошат своите пари и дека Велика Британија дури и со скратувањата им дава повеќе пари на земјите во развој отколку Соединетите држави.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO