Репрезентативецот на Холандија, Дони ван де Бек, ќе го пропушти претстојното Европско фудбалско првенство поради повреда.

На тој начин Ван де Бек се приклучи на Вирџил ван Дајк, кој исто така нема да биде во холандскиот тим поради повреда, објави Би-Би-Си.

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед има 24 години и досега одигра 19 натпревари за националниот тим.

Холандија учеството на Европското првенство го почнува во недела со натпревар против Украина.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO