Фото: Роjтерс

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан е исправен пред нов бран на критика заради Ковид пандемијата. По обвинувањата дека вакцинацијата не напредува со посакуваното темпо, Шпан сега треба да објасни зошто предложил заштитни маски со сомнителен квалитет да бидат раздавани бесплатно на бездомници.

ʺИдејата дојде од Министерството за социјални работи“, изјави денес Шпан, кој е претставник на конзервативната Христијанско-демократска унија. Така тој ја префрли топката во полето на социјалдемократот Хубертус Хајл, министер од коалицискиот партнер.

Предметните маски биле доставени од Кина, но без европски сертификат. И покрај тоа германските власти тврдат дека тие се доволно безбедна заштита против коронавирусот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO