Играчот за врска на Манчестер Сити и Белгија, Кевин де Бројне е прогласен за најдобар играч на сезоната во Англија во анкетата на Асоцијацијата на професионалните фудбалери (PFA).

Негови конкуренти беа Хари Кејн (Тотенхем), Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед), Илкај Гундоган, Фил Фоден, Рубен Дијаш (сите од Манчестер Сити).

Де Бројне во сезоната 2020/21 стана шампион на Англија со Манчестер Сити и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите. 29-годишниот фудбалер постигна 10 гола на 40 натпревари.

Белгиецот ја освојува наградата втора година по ред. Неговиот соиграч Фил Фоден стана најдобриот млад играч во верзијата на PFA. Минатата сезона, 21-годишниот Фоден постигна 9 гола на 28 натпревари во англискиот шампионат.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO