Фото: Роjтерс

Грчката влада размислува за стимулации за да привлече повеќе луѓе да се вакцинираат. Голем дел од медицинските лица и возрастните луѓе се уште се двоумат, во истото време експертите прогнозираат нов бран на вирусот на есен.

Владата во Атина размислува за воведување на стимулации за да убеди повеќе луѓе да се вакцинираат против Ковид-19, соопшти заменик-министерот за внатрешни работи Стелиос Пецас. Се предлага само вакцинирани лица да посетуваат затворени места во ресторани и таверни, да не прават задолжителни тестови секоја седмица пред работа и да патуваат со предност во земјата.

Лекарите од штабот за контрола на коронавирусот настојуваат да се воведе задолжително вакцинирање на здравствените работници, пожарникарите и наставниците.

Според Министерството за здравство, два и пол милиони се целосно вакцинирани во Грција, која има 10 милиони жители.

Експертите предупредуваат дека има ризик од нов 4-ти бран на вирусот на есен, ако не се вакцинираат барем сите над 60-годишна возраст. Последицата повторно ќе биде долг локдаун, категорични се лекарите во Грција.

Им даваат можност на младите и жителите на островите да си стават една доза вакцина.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO