Фото: Роjтерс

Во Велика Британија, слободните работни места се зголемуваат, но нема доволно работници за да ги пополнат, се вели во извештај на КПМГ. Побарувачката за работници се зголемила во мај со најбрзо темпо во последните 23 години.

Ублажувањето на ограничувањата поврзани со пандемијата од коронавирусот и отворањето на различни сектори значи зголемена побарувачка на работници, но бројот на кадрите за пополнување на работните места е сериозно недоволен, се вели во извештајот.

Особено многу работници се барани во областа на информатичката и компјутерската технологија, како и во рестораните и хотелите. Многу компании во прехранбената индустрија доживеаја сериозни тешкотии за време на пандемијата, и покрај државната помош, која ја вклучува и шемата за плаќање на работниците на принуден одмор.

Многу работници останаа без работа или работат со скратено работно време. Експертите во областа на трудовата вработеност посочуваат дека свој дел за ситуацијата дал и Брегзит откако многу работници од ЕУ го напуштиле островот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO