Фото: Роjтерс

Симоне Инзаги официјално беше објавен за нов главен тренер на Интер. Тој потпиша двегодишен договор до јуни 2023 година, објави италијанскиот шампион.

45-годишниот тренер го наследува на постот Антонио Конте, кој ги предводеше ʺНероазуритеʺ до првата титула во последните 11 години.

Минатата седмица Инзаги го напушти Лацио по 4-годишен престој во клубот. Специјалистот ги изведе до учество во Лигата на шампионите за прв пат по 13 години и освои три трофеи, од кои најзначаен е Купот на Италија во 2019 година.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO