Фото: Роjтерс

Се очекува светскиот лидер во онлајн трговија Amazon.com Inc. да стане најголемиот трговец на мало во Обединетото Кралство до 2025 година, соопштува бесплатното британско бизнис издание City A.M.

Според проучувањето на Edge Retail Insight, цитирано од изданието, приходите на технолошкиот гигант во Велика Британија ќе се зголемат за повеќе од 100% до 77 милијарди британски фунти, кое би ги надминало очекуваните продажби на актуелниот лидер во трговијата на мало во земјата – Теско plc од 76 милијарди британски фунти.

Компанијата J Sainsbury plc, вториот по големина британски трговец на мало, очекува да оствари приход од 42 милијарди фунти.

Прогнозата исто така предвидува дека една третина од сите продажби на мало во Велика Британија да се извршуваат онлајн до 2025 година, за разлика од 26% во 2020 година.

Продажбите по електронски пат се очекува да пораснат за 67% до 176 милијарди фунти до 2025 година, посочува уште бизнис изданието.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO