Службата за контрола на странските активи кон Министерството за финансии на САД им наметна санкции на три бугарски лица за нивната значајна улога во корупцијата во Бугарија, како и нивните мрежи, кои опфаќаат 64 организации. Ова се вели во соопштение на сајтот на Министерството за финансии на САД.

Од него станува јасно дека мерките се насочени против Васил Божков, претставен како ʺпознат бугарски бизнисмен и олигарх“, Делјан Пеевски – ʺпоранешен пратеник“ и Илко Желјазков, поранешен заменик ракоодител на Државната агенција за технички операции.

ʺКорупцијата не само што ги лишува граѓаните од ресурси, но и ги поткопува институциите наменети за нивна заштита. Ова јавно објавување на санкции против лица во рамките на Глобалната програма за санкции согласно законот ʺМагнитски“ покажува дека сме ангажирано да се бориме против корупцијата, каде и да се пројавува таа“, изјавува Андреа Гаки , директор на Службата за контрола на странските активи.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO