Владимир Владимиров, експерт за проблемите на Балканот, во интервју за преглед на денот на радиото ФОКУС ʺОва е Бугарија

Новинар: ЕК подготвува унишувачки извештај за напредокот на Србија во преговорите со ЕУ. Станува ли збор во него за улогата на земјата како тројански коњ на Русија? Наш гостин е експертот за проблемите на Балканот Владимир Владимиров. Господине Владимиров, како ќе ги објасните напорите на Србија за членство во Европа, со оглед на тоа што таа има изразена симпатија кон Русија?

Владимир Владимиров: Да, тоа навистина е така. Србија се обидува да продолжува една политика од 60-тите и 70-тите години на минатиот век, во која поранешната и непостоечка држава Југославија се обидуваще да игра истоврено и со социјалистичкиот табор, респективно Советскиот Сојуз, и со Западот, каде успешно, каде не толку многу. Самиот факт што, дека таа веќе не суштествува, зборува сам за себе си. Србија се чувствува наследничка на Југославија и, соодветно, на таа политика, која меѓутоа, до актуелниов момент не и носи никакви видливи позитиви, поскоро, се сеќавате, дека во 90-тите години на минатиот век српската економија беше 30-40% поголема од таа на Бугарија , во моментот е спротивното, бугарската економија е поголема за 30-40%. Во однос на извештајот што го спомнавте, ние во моментов ја немаме официјалната верзија, го има таканаречениот нон-пејпер, кој е испратен до земјите-членки за да го прочитаат, ревидираат и да ги дадат своите мислења. И во овој документ навистина има сериозни критики кон Србија и нејзиното политичко раководство.

Новинар: Извинете, но станува ли збор во тој документ за членството на Србија во Евроазиската унија? Вие самиот зборувавте за таа политика, продолжение на Титовата ʺи така – и вака“, позната уште од едно време, прашањето е, дали ова се согледува по таков начин и се третира во Брисел?

Владимир Владимиров: Нема директни препораки во извештајот и врската на Србија со Русија. Но, всушност, суштината на критиките, кои овој извештај и нон-пејперот, кој му претходи, се всушност критики на тој начин на управување со земјата што е типично за Евроазиската унија и Русија, на Белорусија и останатите држави во таа зона. Критиките се однесуваат на многу сериозен притисок од политичкото раководство, разбирајте Вучиќ и неговиот политички круг, врз судството, врз Обвинителството на Република Србија, врз медиумите. Се спомнуваат редица на случаи, во кои српски новинари, ваши колеги, се заплашувани со физичко насилство, се отпуштаат од медиумите за критикување на владата, т.е. сèто тоа, кое ние го знаеме како карактеристики на режимите на Евроазиската унија – на Русија, Белорусија, како што споменавме, во извештајот на ЕК се споменува во однос на Србија. Значи, можеме да кажеме дека постои индиректна, но многу сериозна, многу суштествена критика кон Србија. Другото прашање, кое за кој знае кој пат се поставува многу остро, во пореден извештај, е неподготвеноста на Србија да соработува и да работи со Меѓународниот трибунал во Хаг за осудување и пронаоѓање на престапници од југословенските војни во 90-тите години, од кои некои се кријат во Србија. Тоа е другата многу сериозна критика кон Србија и нејзиното политичко раководство.

Новинар: А од тие упатени критики, макар и со споредни белези, се чувствува ли разбирањето во европските институции дека Србија е всушност Тројанскиот коњ на Русија на Балканот? Се зборува ли за нејзино мешање во внатрешните работи на соседните земји – Македонија, Косово, Албанија, Црна Гора, Херцеговина?

Владимир Владимиров: Мислам дека во ЕК и во повеќето земји што имаат чувство, имаат интереси на Балканот, тоа е многу јасно. Има доволно докази за тоа, на пример, би дал два примери. Едниот е во 2017 година, кога всушност беше направен обид за воен удар во Република Северна Македонија, во нејзиниот парламент, кога буквално организирана толпа упадна во Народното собрание и дел од сигналите и информациите беа дека тие влегле таму за да убиваат пратеници во македонскиот парламент, во тоа време беше документирано дека таму е шефот на српското разузнавање, кој на некој начин скоро ја координираше оваа акција. Еве типичен пример за начинот на кој функционира Србија, тој не е ниту демократски, ниту соседски, ниту е европски. И токму овие критики се насочени во оваа насока. Другото прашање што е важно – Србија го предложи таканаречениот проект ʺМал Шенген“, т.е. Србија предлага иницијативи кои одат паралелно со она што ЕУ им го предлага на земјите од Западен Балкан. Т.е. наместо да прави напори да се приклучи на Унијата и да се приклучи на сите нејзини структури, вклучително и Шенген, Србија дава паралелни предлози, паралелни проекти.

Новинар: Точно за прашањето на ʺМалиот Шенген“, дозволете ми да ве прашам, често од Северна Македонија мафтаат со оваа можност. До 22 јуни, кога ќе биде европската средба на врвот, на која треба да се земе решение за Македонија и Албанија, нема ки да се засили улогата на Србија во Македонија, така што да се спречи дури и најмалата можност за одмрзнување на дијалогот помеѓу Северна Македонија и Бугарија?

Владимир Владимиров: Во случајот со ветото наметнато од Бугарија и документите кои го следеа, позицијата на Народното собрание, црвените линии и т.н., попрво сметам дека проблемот е или барем беше во Софија, бидејќи таа тврда позиција на Бугарија практично ги изолира можностите дипломатски, економски, политички Бугарија да има свое влијание кај нашиот сосед, Република Северна Македонија. Во пракса, ветото е многу ретко користена форма на односи меѓу држави, особено во ЕУ. Тоа е последната можна варијанта. Задачата на една дипломатијата е да отвора врати, а не да ги затвора. И всушност јас сметам, дека беше сериозна грешка ветото од страна на Бугарија, што широко ги отвора вратите и за Србија и за Грција да го зголемат своето политичко и економско влијание во Република Северна Македонија. Со новите правила предложени од Франција донесени на европско ниво за пристапување во ЕУ, Македонија ќе води преговори за членство најмалку 5-6-7 години. Во тие години Бугарија има апсолутна можност да се подготви, да ја одбрани својата теза, да преговара со политичкото раководство на Северна Македонија и ние заедно, рака под рака да одиме кон ЕУ и европската иднина на Македонија, затоа што стратешкиот интерес на Бугарија е Македонија и другите земји во регионот да бидат членки на ЕУ.

Новинар: И важна е дилемата: компромис или патна карта? Патната карта нема ли да биде форма на компромис, а компромисот може ли да биде патна карта?

Владимир Владимиров: Јас сметам дека една патна карта, јасно артикулирана и од двете влади и прифатена и од двете држави и нивните политички лидери, е единствениот, можеби, кон актуелниот момент единствен излез од оваа ситуација, која на малку прост, народен јазик, бо можеле да ја наречеме ʺќорсокак“.

Новинар: Да, да. Така ја нарекуваат и во Македонија, патем – ќорсокак.

Владимир Владимиров: Еве, гледате колку заеднички нешта имаме ние. И не можеме да дозволиме односите меѓу двете земји во 21 век во Европа да бидат заложници на духови од минатото. Да, историјата е важна. Да, Бугарија има своја историја и всушност сите ние многу добро ја знаеме, но начинот на кој тоа беше предложено на македонската страна, практично ја постави до ѕидот и ја постави во ситуација да биде многу тешко да се брани, и кој било политичар во Македонија би ја заштитил пред населението во Македонија 90 или 100 проценти целосно бугарски прочит на историјата. Не случајно во Договорот се вели дека тоа е наша заедничка историја, т.е. колку што денешните Бугари се наследници на идеите и делото на револуционерите на ВМРО, толку и луѓето во Македонија се наследници. Тие се наши браќа, братучеди, пријатели и сојузници во НАТО. Т.е. ние треба да го бараме тоа што не обединува, а не тоа, што нè дели.

Новинар: Господине Владимиров, не треба ли правата на Бугарите, на луѓето со бугарска самосвест во Северна Македонија, да бидат вклучени во таа патна карта како основен елемент? Бидејќи кршењето на нивните права е резултат на 70-годишен геноцид, врз кој е изграден концептот на современата македонска држава.

Владимир Владимиров: Се разбира, правата на луѓето што се чувствуваат како Бугари од Македонија мора да бидат заштитени, и тоа пред сè мора да биде заложба на самата македонска држава, чиишто државјани се тие. Уставна обврска на секоја држава е да ги штити уставните права на своите граѓани. Да, проблемот е можеби наш, не 70, туку над 100 години и не можеме да го очекуваме тоа со еден, два, три или пет месеци или една година средби во една историска комисија во која историчарите што се таму, извинете, но ако ги погледате нивните биографии, во најголем дел тие се формирани како историчари, како луѓе, како експерти, во една мината ера. Тоа е исто така голем проблем, велам и за двете страни на комисијата. Затоа, јас лично сметам дека Бугарија направи многу голема грешка, дозволувајќи сториската тема да стане меѓудржавен спор. Всушност, Бугарија требаше да помогне за овој разговор, оваа тема да се отвори во самото македонско општество, каде што имаме проблеми. Ние Бугарите знаеме кои сме, знаеме од каде потекнуваме и ја знаеме нашата историја. Историјата во Македонија беше и продолжува да биде до одреден степен продолжение на минатите времиња, на Југославија и тогашните сфаќања за историјата итн. Значи, Бугарија треба да се обиде да отвори дебата во рамките на самата Северна Македонија и да помогне во таа дебата со огромниот број документи што ги имаат бугарските архиви.

Новинар: До 22 јуни, според вас, што треба да направиме?

Владимир Владимиров: Проблемот е многу сериозен и како поддршка на моите зборови можеме да видиме дека Бугарија не доби никаква поддршка од ниту една друга земја-членка на ЕУ, напротив, спротивното – Македонија ги освои симпатиите на поголем дел од државите. Многу министри за надворешни работи ја посетија Македонија,зад океанот нашите партнери и сојузници САД ни кажаа дека Македонија треба да ги започне своите преговори за ЕУ. Претседателот Радев ја поддржа политиката на вето и на црвените линии, но во истото време, бидејќи во моментов тој е силната политичка фигура во Бугарија што може да носи решенија, во исто време заедно двајцата претседатели Стево Пендаровски и претседателот Радев го посетија Рим, се почувствува здив на пријателство, добрососедски односи итн. Јас тешко би поверувал дека службената влада ќе преземе таков сериозен политички чекор во пракса, што е до одреден степен е над нејзините службени овластувања. Целта на службената влада е да организира фер и транспарентни избори според бугарските закони и Уставот. Така што, поскоро мислам дека ќе останеме на ʺстатус квоʺ состојба и се надеваме дека по изборите во Бугарија и формирањето на некаква влада, таа би го преземала ова сериозно политичко прашање и би го решила во насока поволна за Бугарија, за Северот Македонија и за европскиот проект како целина.

–––––––––––

 Новинар: Цонја С’бчева

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO