Рускиот претседател Владимир Путин зема учествуво на церемонијата на отворањето на стартирањето на сериско производство на луксузни автомобили во Русија, наречени ʺАурус“.

Почетната цена за основниот модел ќе биде околу 245.000 УСД. Производството на луксузната лимузина ќе се одвива во фабриката Ford Sollers во Русија со 70% од автомобилските компоненти произведени во земјата од локални добавувачи. Ford Sollers е заедничко вложување помеѓу американскиот производител на автомобили Ford и рускиот Sollers, основано во 2011 година.

„Очекувам сериското производство на автомобили ʺАурусʺ да го зголеми присуството на руски автомобили на меѓународниот пазар и да даде можност за зголемување на извозот на високи технологии. Ова е добра шанса за нив да ги совладаат новите технологии и да добијат дополнителни нарачки“, кажа Путин.

Испораките се очекува да започнат во јуни, главно за клиенти на Блискиот исток. Обединетите Арапски Емирати веќе нарачаа 30 возила ʺАурус“ за владини и претседателски цели.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO