ʺОвие денови, како што најави претседателот на Бугарија, тие ќе направат пријателски гест и очекуваме следната недела да ја одржиме првата средба на граничниот пункт“, изјавил вчера премиерот Зоран Заев, а причината е донацијата од Бугарија од 50.000 дози вакцина, при што во наредните денови се прецизираат деталите со Црвениот крст на Бугарија и С. Македонија.

Веста ја потврдил и министерот за здравство Венко Филипче.

Заев верува дека бугарската донација на 50.000 вакцини дава добра можност за продолжување на разговорите. Премиерот очекува дека тогаш ќе ги договорат и следните средби на премиерско и министерско ниво за побрзо изнаоѓање на решение на  спорот меѓу двете земји.

ʺКонекциите постојат. Уште еднаш нашата замолница и целиот фокус е кон Бугарија со сите нивни институции, претседателот, но и премиерот и министерот за надворешни работи, како и парламентот. Се надеваме дека во јуни ќе дадат поддршка да го направиме следниот чекор во интегративните процеси“, рече Заев.

Тој очекува следната недела да се сретнат со Јанев на граничниот премин каде ќе се донираат вакцини.

ʺКабинетите сè уште договораат, ќе видиме дали ќе се потврди од двете страни за да преку Црвениот крст се донираат 50 000 вакцини. Овде верувам дека ќе договориме средба помеѓу нас премиерите, министрите, за да работиме на деталите на решението. Како што реков ова е билатерално прашање, две пријателски земји треба да покажат трезвеност и рационалност во името на пријателството, на младите луѓе, на двата братски народи и да го најдеме решението за да може конечно после 16,5 години Северна Македонија да го направи следниот получекор – прва меѓувладина конференција“, рече Заев.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO