ʺДоговорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија не треба да се менува“, коментираа историчарот проф. Христо Матанов и новинарот Николај Крстев за БНТ.

„Заедничката посета е чекор во вистинската насока. Ако не сте забележале, македонскиот претседател кажа нешто за промена на Договорот за добрососедството. Играта е геополитичка,  да и се создадат потешкотии на ЕУ. Ние не сме од прв интерес за Европската унија, сега темата е Белорусија. “, изјави историчарот проф.Христо Матанов.

Тој коментираше дека е скептичен во однос на работата на историската комисија меѓу двете држави.

Новинарот Николај Крстев коментираше дека е крајно време да се обнови дијалогот, да се рестартираат односите меѓу Бугарија и Македонија.

„Она што ќе се случи во Рим е шанса да се тргне напред. Треба да се оддели историската комисија од политиката и економијата. Интересите се многу големи. Русија и други големи сили во ЕУ немаат интерес Бугарија и Македонија да имаат добри односи.“ Актуелната влада и следната треба да гледаат во регионалниот контекст. Некој сака да го дели Балканот “, додаде новинарот Николај Крстев.

Тој истакна дека не е добро да се одделат Албанија и Република Северна Македонија.

ʺВо моментов треба да имаме стратешко трпение кон Република Северна Македонија, некој дефинитивно сака да има проблем помеѓу Бугарија и РС Македонија“, кажа упте новинарот Николај Крстев.

Интервјуто со историчарот Христо Матанов и новинарот Николај Крстев на БНТ може да го проследите ТУКА.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO