Во Италија го очекуваат со голем интерес финалето на ʺЕвровизијаʺ. Причината е учеството на италијанската рок-група ʺМанескин“, која се здоби со светска популарност по победата на фестивалот Сан Ремо.

Песната на ʺМанескинʺ Zitti e buoni се покажа како најслушана во Италија и ширум светот на музичките платформи од сите учесници на натпреварот за песна на Евровизија 2021 – рекорден стриминг од над 26 милиони од месец март до месец мај вклучително. Најмногу е слушана во Унгарија, Австрија и Обединетите Арапски Емирати.

Во интервју за италијанските медиуми, од групата посочуваат дека се многу среќни што учествуваат на европскиот фестивал затоа што е многу возбудливо да се натпреваруваат пред меѓународна публика на која сакаат да и ја пренесат целата енергија. Преку нивната интерпретација на Zitti e buoni, ʺМанескинʺ имаат за цел и да го воодушеват светот.

Нивниот настап е 24-ти по ред, се смета за поволен во однос на гласањето, освен што се фаворити за врвен успех заедно со француската пејачка Барбара Прави и малтешката Дестини.

Евровизија 2021 ќе се пренесува во живо на првиот канал на јавната телевизија РАИ со коментар на големиот композитор, текстописец, естет и музички критичар Кристијано Малџолио.

Во Ротердам, вкупно 3.500 луѓе ќе бидат пуштени во салата, само по негативен тест за коронавирус. На делегациите од земјите учеснички не им се дозволува да комуницираат.

Претставникот на Исланд откажа да пее во живо, откако член на неговиот тим беше позитивен на Ковид-19.

Бугарската претставничка Викторија е една од големите фаворити со песната „Growing Up is Getting Old“.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO