Фото: Роjтерс

Супермоделот Наоми Кембел стана мајка на девојче, пренее Би Би Си.

50 годишната Кембел ја соопшти веста на Инстаграм со фотографија на нејзината рака која држи бебешки стапала.

ʺУбава мала среќа ме избра да бидам нејзината мајка, чест ми е што ја имам оваа нежна душа во мојот живот“, напиша таа во социјалната мрежа.

Никакви дополнителни детали за новороденчето не се соопштуваат, но во интервју за ʺИвнинг Стандард“ во 2017 година, Наоми Кембел ја споделува својата желба да стане мајка.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO