Фото: Роjтерс

Технолошкиот гигант Samsung Electronics Co може да започне со изградба на фабрика за микрочипови во САД во износ од 17 милијарди долари во третиот квартал од оваа година со цел претпријатието да започне со работа во 2024 година, соопшти јужнокорејското технолошко издание Electronic Times.

Самсунг планира да предложи усповршен 5-нанометров екстремен ултравиолетов (EUV) процес за производство на литографски чип во фабриката, што се очекува да се наоѓа во Остин, Тексас, се вели во публикацијата, повикувајќи се на неименувани извори.

Од компанијата меѓутоа одбележа дека сè уште ништо не е решено.

Документите поднесени до државните власти во Тексас меѓутоа покажуваат дека ʺСамсунгʺ го гледа Остин како едно од местата за нова фабрика за чипови во вредност од 17 милијарди долари, а јужнокорејската компанија посочува дека таа може да создаде 1.800 работни места.

Претседателот на САД Џо Бајден предложи 50 милијарди долари за поддршка на производството на чипови, со што ги поттикна компаниите како што се Intel Corp. и глобалниот водечки производител на чипови Taiwan Semiconductor Manufacturing Co. да размислуваат за големи нови инвестиции.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO