ʺПроширувањето на ЕУ треба да продолжи“ затоа што сè уште има европски држави кои не се членки на ЕУ, и е важно процесот да биде забрзан. Ова го кажа во Атина словенечкиот премиер Јанез Јанша месец и половина пред Љубљана да го преземе Претседателство со Советот на ЕУ.

На средба со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис, Јанша ги изложи приоритетите на претстојното претседателство во момент кога процесот на проширување е во застој поради неможноста Северна Македонија и Албанија да започнат суштински преговори. Во македонскиот случај, причина е ветото на Бугарија.

Јанша одбележа дека Словенија смета да организира неформална балканска средба со лидерите на Европската унија за да разговараат за следните чекори во процесот. Според неговите зборови, ʺоткако проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан не доби многу внимание поради економската криза, миграциската криза и сега пандемијата, дојде време“ тоа да се случи.

Ова ќе биде втора ваква средба на врвот оваа година – првата се очекува следната недела.

Според него проширувањето ќе биде акцент ʺза да се исполни старата визија за слободна и мирна Европа“.

Јанша исто така ги отфрли сите тврдења за постоење на т.н. Словенечки документ за поделба на Балканот по етничка основа (т.н. нон-пејпер). Според него, ваквите публикации служат само за насочување на дебатата во интерес на една од страните.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO