Со свој указ, претседателот на Р. Бугарија Румен Радев назначува од 12 мај 2021 година службена влада на Република Бугарија. Службен премиер ќе биде Стефан Јанев, соопшти прес-службата на шефот на државата.

Со друг указ, шефот на државата го распушти 45-тото Народно собрание и ги закажа парламентарните избори за 11 јули.

Во службениот кабинет Гʼлʼб Донев ќе е заменик-премиер за економски и социјални политики и службен министер за труд и социјална политика.

Бојко Рашков ќе е службем заменик-премиер за јавен ред и безбедност и службен министер за внатрешни работи.

Атанас Пеканов ќе ја извршува должноста службен заменик-премиер за управување со европските фондови.

Кои ќе се министрите во службениот кабинет

Асен Василев – министер за финансии;

Георги Панајотов – министер за одбрана;

Стојчо Кацаров – министер за здравство;

Виолета Комитова – министер за регионален развој и јавни работи;

Николај Денков – министер за образование и наука;

Светлан Стоев – министер за надворешни работи;

Јанаки Стоилов – министер за правда;

Велислав Минеков – министер за култура;

Асен Личев – министер за животна средина и водите;

Христо Бозуков – министер за земјоделство, храните и горите;

Георги Тодоров – министер за транспорт, информатичка технологија и врски;

Кирил Петков – министер за економија;

Андреј Живков за министер за енергетика;

Стела Балтова – министер за туризам;

Андреј Кузманов – министер за млади и спорт.

Утре во 9 часот на официјална церемонија во Дондуков 2, претседателот Румен Радев ќе ги претстави структурата, составот и приоритетите на идната службена влада.

Претходно, шефот на државата го посочи 11 мај како најран можен датум за указ за службена влада и рече дека неговиот состав ќе биде избалансиран:

ʺСлужбената влада има многу мал временски мандат, очекувањата кон неа се огромни, одговорностите се големи, и прашање е на баланс е да се најде најдобриот тим, кој да се усогласи на оптимален начин, за да се исполни оваа тешка задача.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO