Фото: Роjтерс

Населението на Кина во 2020 година се зголемило за 0,83% и сега изнесува 1,41178 милијарди души, соопшти денеска Државниот завод за статистика на земјата, пренесе ТАСС.

Населението на континентална Кина е 1,41178 милијарди души, што е за 72,06 милиони повеќе отколку во 2010 година “, се вели во извештајот на службата.

Во 2019 година, населението на земјата беше 1,40005 милијарди души.

Според податоците, мажите се 723,34 милиони, а жените-688,44 милиони.

91,11% од жителите се од етничката група хан. Останатите 8,89% се претставници на разни национални малцинства.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO