Фото: Роjтерс

Германската влада настојува за брз старт на преговорите со Албанија и Северна Македонија за членство во ЕУ. Германскиот државен министер за европски прашања Михаел Рот изјави денес (11.05) дека двете земји ʺсе справуваат“ со критериумите за прием, така што ЕУ ʺтреба да ги исполни своите ветувања што е можно побрзо“. Според него, веќе е ʺкрајно време“ преговорите да започнат.

Земјите на ЕУ уште на почетокот на минатата година се договорија за пристапни преговори со двете балкански земји на почетокот на минатата година. Сепак, сè уште нема Рамковен договор, како за конкретниот датум, на кој ќе започнат преговорите, така и за нивното протекување.

Агенцијата Франс Прес потсетува дека членката на ЕУ Бугарија досега го блокира стартот на преговорите со Северна Македонија со обвинување дека соседната земја не отстапува во споровите за историски и културни прашања. Поспецијално, Софија настојува Северна Македонија да ги признае бугарските корени на своите јазик, население и историја, наведува агенцијата.

Португалското претседателство со ЕУ се надева уште во јуни да свика присоединителна конференција, која да го даде стартниот истрел за преговорите со Албанија и Северна Македонија. Ситуацијата меѓутоа во моментов дополнително се усложнива од фактот дека во Бугарија има службена влада, откако избраниот во април парламент не успеа да состави кабинет, а нови избори има во јули, пренесува Франс прес.

Нееднократно се упатуваат призиви во актуелната заплетена ситуација да се разделат процедурите на Албанија и Северна Македонија, за да може барем Тирана да започне преговори. Германската влада меѓутоа ја отфрла оваа идеја. По консултации со министрите за надворешни работи на ЕУ, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел исто така кажа дека нема планови за разделување на процедурите.

 

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO